Фонд и колекции
Библиотеката „Тане Георгиевски“ располага со богат книжевен фонд на наслови, опфаќајќи широк спектар на жанрови и тематики. Нашите полици се исполнети со:
Белетристика
домашна и светска проза, класични и современи автори.
Посебни збирки
ретки и тешко достапни изданија, први изданија на значајни дела и книги со посвети од авторите.
Стручна и научна литература
книги од областа на историјата, уметноста, науката, технологијата и општествените науки.
Локална литература
дела на автори од Куманово и регионот, кои го документираат културниот и историскиот развој на нашиот крај.
Детска и младинска литература
бајки, романи, сликовници и едукативни книги за најмладите читатели.
Поезија
од класични македонски и странски поети до современа лирика.
Историски архив
публикации, весници и документи кои претставуваат вредно сведоштво за минатото на заедницата.
Литература на странски јазици
книги на англиски, српски, албански, француски, германски и други јазици за читатели што сакаат да читаат во оригинал.












