упис и членство
корисници и службеници
Протоколи за позајмување
Ценовник
Упис и членство
- Кој може да стане член (ученици, студенти, возрасни, пензионери).
- Потребни документи (лична карта, ученичка/студентска легитимација).
- Видови членарина (годишна, полугодишна, семејна).
За да станете член на библиотеката потребно е да приложите лична карта или ученичка/студентска легитимација и да ја уплатите членарината според важечкиот ценовник.
Протоколи за позајмување
За ученици од основно училиште се препорачува литература од детскиот и младинскиот фонд. За истражувачка и академска работа е дозволено користење на референтни оддели и дигитални ресурси.
Секој член може да позајми најмногу 3 книги истовремено
Книгите се позајмуваат на рок од 14 календарски дена.
Рокот може да се продолжи еднаш по телефон или онлајн, доколку книгата не е побарана од друг читател.
За секој ден задоцнување се плаќа казна од 10 денари по книга.
Членот е должен да ја надомести изгубената или оштетената книга со исто издание или да ја плати нејзината вредност.
Енциклопедии, речници, редки изданија и материјали од архивата може да се користат само во читална.
Кодекс за корисници и административни службеници
- Обврски на корисниците
- Обврски на административните службеници
- * Почитување на тишината во сите читалници и простории за учење.
- * Грижливо користење на сите книги, весници, списанија и дигитални уреди.
- * Навремено враќање на позајмените материјали.
- * Забрана за храна, пијалоци и пушење во библиотечките простории.
- * Исклучување или безвучен режим на мобилни телефони.
- * Чување на членската карта и непредавање на друг корисник.
- * Пријавување на оштетена книга или материјал пред да биде земен на заем.
- * Почитување на вработените и останатите читатели.
- * Пријателски и љубезен однос со сите посетители.
- * Професионална помош при пронаоѓање и користење на литература и дигитални ресурси.
- * Транспарентност и еднаков пристап за сите категории на корисници.
- * Навремено информирање за рокови, нови изданија и библиотечни настани.
- * Заштита на личните податоци на корисниците.
- * Одржување на библиотеката како безбедно и инспиративно место за учење и креативност.
- * Поддршка на културни и едукативни иницијативи за зајакнување на заедницата.
Ценовник
Годишна члeнарина за возрасни – 250 денари
Годишна члeнарина за деца – 200 денари
Семеен пакет за две лица – 350 денари
Групно зачленување за основци – 150 денари
Групно зачленување за средношколци – 200 денари
Членарина за ученици од второ одделение – бесплатно
Членарина за лица со посебни потреби – бесплатно
За повеќе информации...
Имате прашање? Барате конкретна книга? Сакате да се зачлените или само да дознаете повеќе за нашите услуги?
Контактирајте нè – тука сме за вас!
Ценовник
Годишна члeнарина за возрасни – 250 денари
Годишна члeнарина за деца – 200 денари
Семеен пакет за две лица – 350 денари
Групно зачленување за основци – 150 денари
Групно зачленување за средношколци – 200 денари
Членарина за ученици од второ одделение – бесплатно
Членарина за лица со посебни потреби – бесплатно
За повеќе информации...
Имате прашање? Барате конкретна книга? Сакате да се зачлените или само да дознаете повеќе за нашите услуги?
Контактирајте нè – тука сме за вас!