Skip to content

За нас

29 ноември 1944 година е денот на првото собрание на Народното читалиште „Тане Георгиевски“. Во градот каде што речиси две децении претходно постоело читалиште, била препознаена и прифатена желбата и потребата на граѓаните за читање книги. Официјалниот почеток на работа на библиотеката е на 20 октомври 1945 година со иницијален фонд од 1300 книги кои што биле дарувани од граѓаните.

Таа претставува динамичен центар на знаење и културна размена каде што се:

  • чуваат и се заштитуваат ретки и вредни изданија
  • даваат на користење на сите граѓани (ученици, студенти, љубители, истражуавчи…)
  • собираат разни извори на информации од домашно и странско потекло
  • презентираат содржини преку изложби, промоции, јавни настани и сл.

За нас

29 ноември 1944 година е денот на првото собрание на Народното читалиште „Тане Георгиевски“. Во градот каде што речиси две децении претходно постоело читалиште, била препознаена и прифатена желбата и потребата на граѓаните за читање книги. Официјалниот почеток на работа на библиотеката е на 20 октомври 1945 година со иницијален фонд од 1300 книги кои што биле дарувани од граѓаните.

Таа претставува динамичен центар на знаење и културна размена каде што се:

  • чуваат и се заштитуваат ретки и вредни изданија
  • даваат на користење на сите граѓани (ученици, студенти, љубители, истражуавчи…)
  • собираат разни извори на информации од домашно и странско потекло
  • презентираат содржини преку изложби, промоции, јавни настани и сл.

Стручна обработка

Секој нов наслов што пристигнува во Библиотеката веднаш се обработува и во најкус можен рок е достапен за сите наши читатели.

При обработката користиме меѓународни стандарди:
   – ISBD ( International Standard Bibliographic Description )
   – UDK  ( Universal Decimal Classification )

Со тоа обезбедуваме точна, стандардизирана и лесно достапна евиденција на сите книги.
Нашиот електронски каталог постојано се надополнува сo:
   – нови наслови
   – ретроактивно внесување на стари изданија

Каталогот не е само список тој е алатка за секој читател. Со неколку клика можете да проверите:
   – дали книгата што ја барате ја има во фондот
   – дали е моментално достапна
   – сето тоа од било кое место, онлајн

Роднокраен оддел и периодика

Роднокрајниот оддел претставува вистинско културно богатство во нашата библиотека. Овде се чува и негува сето она што е поврзано со историјата, културата и животот во Куманово и Кумановско. Овој оддел е не само дел од библиотеката туку и траен документ за идните генерации. Затоа посветуваме особено внимание на собирање, комплетирање и стручна обработка на ваквата граѓа.

Според стандардот СОРД (стандард за обработка на роднокрајна библиотечна граѓа), во овој фонд спаѓаат:
    – монографски публикации од локални автори или со теми за Куманово и околината
    – ракописи, магистерски и докторски трудови
    – раритетни збирки и музикалии
    – ЦД–ромови и дигитални записи

Роднокрајниот оддел е срцето на нашата библиотека претставува место каде се чува сеќавањето и идентитетот на Куманово.

Собрани монографии
Kолку се собрани/обработени од вкупно 79%
Раритети зачувани
Bрој зачувани ретки изданија 60%
Дигитални записи достапни
Kолку материјали се дигитално достапни. 50%

Стани член денес

Отвори врата кон свет на знаење, книги и културни доживувања!

Зачлени се

Врска со заедницата

Културно срце на Куманово е библиотеката „Тане Георгиевски”

Нашата библиотека е повеќе од место со книги таа е жив културен центар и простор отворен за сите генерации. Веруваме дека секоја книга е врата кон нови светови, а секој читател е дел од нашата голема заедница. Мисијата на библиотеката не се ограничува само на чување и позајмување книги, ние градиме мостови меѓу луѓето, институциите и културните настани во градот. Со организирање на работилници, книжевни средби, едукативни програми и културни настани, создаваме средина во која знаењето, уметноста и инспирацијата секојдневно се среќаваат.
Соработуваме со:

Локални училишта

Oрганизираме часови за запознавање со библиотеката, часови по читање, работилници за креативно пишување и клубови за млади читатели.

Културни центри

Учествуваме во заеднички изложби, промоции на книги и театарски претстави инспирирани од литературата.

„Месец на книгата“

Серија настани со книжевни вечери, средби со автори, работилници и отворени денови во библиотеката.

Фонд и колекции

Библиотеката „Тане Георгиевски“ располага со богат книжевен фонд на наслови, опфаќајќи широк спектар на жанрови и тематики. Нашите полици се исполнети со:

домашна и светска проза, класични и современи автори.

ретки и тешко достапни изданија, први изданија на значајни дела и книги со посвети од авторите.

книги од областа на историјата, уметноста, науката, технологијата и општествените науки.

дела на автори од Куманово и регионот, кои го документираат културниот и историскиот развој на нашиот крај.

бајки, романи, сликовници и едукативни книги за најмладите читатели.

од класични македонски и странски поети до современа лирика.

публикации, весници и документи кои претставуваат вредно сведоштво за минатото на заедницата.

книги на англиски, српски, албански, француски, германски и други јазици за читатели што сакаат да читаат во оригинал.

Тука сме за вас!

Директор

Го води тимот со визија и љубов кон книгите

Библиотекар

Со љубов кон книгите и грижа за секој посетител.

Библиотекар

Со љубов кон книгите и грижа за секој посетител.

Архивар

Го чува редот и знаењето.

Технички персонал

тие се грижат библиотеката да биде чиста