На изложбата посетителите ќе имаат можност да се запознаат со богата колекција на книги, историски документи, фотографии и публикации кои го отсликуваат патот на македонскиот народ кон самостојноста и државноста.
Изложбата има за цел да потсети на жртвите, идеалите и стремежите на генерациите кои се изборија за нашата слобода, како и да го доближи значењето на овој ден до младите генерации.