Skip to content

Дел од атмосферата на саемот на книги АНТОЛОГ – Книжевен центар

  • by

Книжевно катче со изданијата на „АНТОЛОГ“ во нашата библиотека

Во соработка со библиотеката „Тане Георгиевски“ – Куманово, посетителите имаа можност да разгледаат и набават богата понуда на наслови од современа и класична литература, преведена и домашна продукција.

Настанот привлече голем интерес кај љубителите на книгата, кои уживаа во дружењето со книгите и можноста да откријат нови автори и изданија. Со оваа соработка библиотеката уште еднаш ја потврди својата улога како културен центар што ги зближува читателите и литературата.