По повод Ден на културата ја посетија учениците од ООУ”Браќа Миладиновци” во придружба со нивната професорка Ивана Денковиќ. Старите машини, историјата на Библиотеката но и најновите книжевни изданија измамија насмевки и многу прашања. Љубовта кон книгата беше мотив да го посетат и Одделот за деца и да другаруваат со книгите во тек на летниот распуст.