“Библиотека живее и се гради” – изложба на стари книги и предмети кои се составен дел на Библиотеката од почетокот до сега. Изложбата е по повод 10 јуни- Ден на културата, поставена е во хол на Библиотеката во Оддел за возрасни и ќе може да се посети до 10 јуни.
Со овој настан ја потсетуваме јавноста на значењето на книгата, пишаниот збор и богатата историја што ја носи нашата установа. Секој предмет и секоја книга сведочи за развојот и континуитетот на библиотеката, а изложбата претставува можност граѓаните да се запознаат со културното наследство што го негуваме и чуваме.