Skip to content

“Шареноликоста на народните приказни”

  • by

Работилница која ја реализиравме со учениците од ООУ”Кочо Рацин” -Куманово и нивната професорка по македонски јазик Милијана Пешевска. Се потсетивме на богатата приказнична ризница на Марко Цепенков во паралела со македонските народни приказни и легендарниот Ѓорѓи Колозов,многу анегдоти, гатанки и пораки кои и ден денес се актуелни.

Учениците активно учествуваа во дискусиите, споделуваа сопствени доживувања и размислуваа за тоа како овие приказни можат да се применат во секојдневниот живот. Атмосферата беше исполнета со креативност, насмевки и љубопитност, што уште еднаш ја потврди моќта на усната традиција да инспирира, обединува и едуцира. Со ваквите работилници ја негуваме љубовта кон македонскиот јазик и културното наследство, но и ги охрабруваме младите генерации да продолжат да ја чуваат и пренесуваат мудроста на народните приказни.