На 24.Републички натпревар „Млади библиотекари“, оргазнизиран од Библиотекарско здружение на Македонија, којшто се одржа на 09.05.2025 година во просториите на НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево, нашата претставничка која освои прво место на локално ниво Анастасија Арсовска, од ООУ “Кочо Рацин” -Куманово, имаше успешно учество и солидни резултати. Натпреварот е со цел популаризација на библиотеката и библиотечниот материјал. Честитки за вложениот труд, посветеност и успеси во иднина.